Институт „Пулсот на Демократијата“ – Куманово објавува оглас за прибирање понуди од медиум (правно лице) за техничка продукција и реализација на подкаст-серија посветена на теми поврзани со младинско учество, активизам и локални младински прашања.
Проектот „Гласот на младите од Куманово“ е финансиран од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
1) Предмет на огласот
Ангажирање медиум/продукција за целосна техничка реализација на подкаст-епизоди, која вклучува:
- снимање (аудио, а по можност и видео) на подкаст епизоди;
- обезбедување опрема (микрофони, миксер/рекордер, слушалки, камери – ако е видео, осветлување);
- тонска обработка и чистење шум (audio editing);
- монтажа (аудио и/или видео);
- финален извоз на материјалот во формати погодни за YouTube и аудио платформи;
- изработка/вметнување вовед и одјавна шпица (џингл) и основна графика (наслов/лого) – по договор;
- доставување на финалните фајлови и кратки исечоци (short clips) за социјални мрежи (по договор).
2) Технички барања (минимум)
Понудувачот треба да обезбеди:
- професионално снимање со јасен звук (multi-mic setup за најмалку 2–4 говорници);
- обработка на звук со балансирање на нивоа и елиминација на шум;
- рок за испорака на финална епизода: до крајот на јануари 2026
- можност за снимање во студио или на локација во Куманово.
3) Квалификациски услови
- регистриран медиум/продукциска куќа (правно лице);
- капацитет за навремена реализација и координација со тимот на проектот.
4) Начин на избор
Изборот ќе се изврши врз основа на:
- квалитет и релевантност на портфолиото;
- технички капацитет и понуден пакет услуги;
- цена и финансиска понуда;
- рокови и достапност.
5) Потребни документи за апликација/понуда
Понудувачите треба да достават:
- Основни податоци за правното лице (назив, адреса, ЕДБ/ЕМБС, контакт)
- Кратко портфолио + линкови до претходни продукции
- Техничка понуда (опис што вклучува услугата)
- Финансиска понуда (цена по епизода и/или вкупна цена)
- Рокови за реализација
6) Поднесување понуди
📩 Понудите се доставуваат на: pulsedemos@outlook.com или директно во канцеларијата на Институт Пулсот на Демократијата Куманово
Наслов на мејл: „Понуда – техничка реализација на подкаст (Гласот на младите од Куманово)“
📅 Краен рок за доставување: 05.01.2026 година (до 16:00 часот)
7) Контакт
За дополнителни информации: pulsedemos@outlook.com
Институтот го задржува правото да побара појаснување/дополнување на понудата или да не избере ниту една понуда доколку не ги исполнува условите.



