ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА НОВИНАР

0
4

Во рамки на проектот „Дигитална иднина на младите од Куманово“, имплементиран од Институтот за демократија и развој – Пулсот на Демократијата Куманово, а финансиски поддржан од Министерството за односи меѓу заедниците на Република Северна Македонија, се објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА НОВИНАР ЗА ПОДГОТОВКА НА СЦЕНАРИЈА И ВОДЕЊЕ НА ПОТКАСТ ЕМИСИИ

Се ангажира 1 (еден) новинар за потребите на проектот.

Опис на ангажманот:

Ангажираниот новинар ќе биде одговорен за:

  • Подготовка на сценарија и концепт за 5 поткаст емисии;
  • Истражување и подготовка на теми поврзани со дигитална писменост, дигитални права, медиумска писменост, онлајн безбедност и дигитална трансформација;
  • Координација со гости и учесници во поткастите;
  • Водење и модерирање на 5 поткаст емисии;
  • Подготовка на прашања и интервјуа со експерти, претставници на институции и млади лица;
  • Подготовка на краток извештај за реализираните активности.

Потребни квалификации:

  • Најмалку 3 години работно искуство во новинарство, медиуми или односи со јавност;
  • Искуство во подготовка и водење интервјуа, емисии или поткасти;
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини;
  • Искуство во работа на проекти финансирани од домашни или меѓународни донатори ќе се смета за предност.

Времетраење на ангажманот:

Ангажманот опфаќа подготовка и реализација на 5 поткаст емисии во текот на спроведувањето на проектот.

Потребна документација:

  • Биографија (CV);Документи или референци за претходно работно искуство;
  • Финансиска понуда

Начин на пријавување:

Заинтересираните кандидати потребната документација треба да ја достават на електронска адреса:

pulsedemos@outlook.com

со назнака:

„Апликација за новинар за поткаст емисии – Дигитална иднина на младите од Куманово“.

Рок за доставување на апликациите: 5 дена од денот на објавување на огласот.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here