Анализа на процесот на дигитализација на услугите во РСМ – истражување

0
9

Објавена е анализата „Дигитализацијата на јавните услуги во Република Северна Македонија“, изработена во рамките на проектот „Дигитална иднина на младите од Куманово“.

Анализата опфаќа 310 записи за јавни е-услуги: 185 услуги до кои може да се пристапи директно преку Националниот портал за е-услуги и 125 услуги што продолжуваат кон надворешни информациски системи. Наодите покажуваат дека постои значајна дигитална основа, но и потреба од подобра поврзаност меѓу институциите, единствена најава, јасно следење на статусот на предметот и автоматска размена на податоци.

Документот ги разгледува корисничкото искуство, интероперабилноста, достапноста и улогата на центрите „Една точка за услуги“, со посебен акцент на младите како активни корисници и критички набљудувачи на јавната администрација.

Клучната порака е едноставна: податоците треба да патуваат, а не граѓаните. Дигиталните услуги треба да бидат видливи, сигурни, пристапни и целосно насочени кон реалните потреби на луѓето.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here