ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРОДУКЦИОНСКА ЕКИПА

0
10

Институтот за демократија и развој – Пулсот на Демократијата Куманово, во рамки на проектот „Дигитална иднина на младите од Куманово“, финансиски поддржан од Министерството за односи меѓу заедниците, објавува јавен повик за ангажирање на медиум (ТВ, радио, портал или продукциска куќа) за реализација на 5 подкаст емисии.

Предмет на ангажман:

  • Снимање на 5 подкаст епизоди;
  • Продукција и обработка на аудио и видео материјал;
  • Изработка на финални подкаст содржини подготвени за објавување.

Потребна документација:

  • Доказ за регистрација;
  • Кратко портфолио или референци;
  • Финансиска понуда со посебно прикажани ставки за:
    • Снимање;
    • Продукција и обработка на материјал;
    • Изработка на подкаст содржини.

Критериум за избор:

Најповолна понуда и релевантно искуство во медиумска продукција.

Институт за демократија и развој – Пулсот на Демократијата Куманово
🌐 www.pulsedemos.com
📧 pulsedemos@outlook.com

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here