Оглас за прибирање понуди за реализација на подкаст епизоди (подкаст серија)

0
60


Во рамки на проектните активности за информирање и едукација на граѓаните за заштита на потрошувачите, Институтот за демократија и развој „Пулсот на демократијата“ – Куманово објавува оглас за прибирање понуди за продукција и реализација на 2 подкаст епизоди на тема заштита на потрошувачите, наменети за онлајн дистрибуција.

Предмет на услугата е подготовка, снимање и финална обработка на три подкаст епизоди, кои ќе се темелат на темите обработени во рамки на проектната анализа и јавната дебата. Подкаст епизодите треба да бидат подготвени за објава на онлајн платформи (YouTube, Facebook и други канали).

Опфат на услугите вклучува ангажман на новинар/водител за подготовка на концепт, прашања и сценарио и водење на подкастот, како и техничка поддршка што опфаќа снимање, аудио и видео обработка, уредување и подготовка за онлајн објава.

Право на учество имаат физички и правни лица со релевантно искуство во медиумска продукција, подкаст продукција, аудио/видео уредување и/или новинарство. Заинтересираните понудувачи треба да достават финансиска понуда (износ без ДДВ, доколку е применливо), како и кратки референци или пример од претходна работа (по можност).

Понудите се доставуваат по електронски пат на адреса: pulsedemos@outlook.com, најдоцна до 25.12.2025 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here