О Г Л А С ЗА ИЗРАБОТКА НА ТРУДОВИ

0
46

за пријавување кандидати за изработка на 4 труда најмалку 2 страници
во рамки на проектот „Гласот на младите од Куманово“

Институт „Пулсот на Демократијата“ – Куманово објавува повик за пријавување млади автори/ки кои ќе изработат 4 кратки труда на тема млади, младинско учество и младински активизам.

Проектот „Гласот на младите од Куманово“ е финансиран од Министерството за социјална политика, демографија и млади.


🔹 Кој може да аплицира?

Млади лица (ученици, студенти, млади истражувачи, активисти, новинари и други заинтересирани) кои сакаат да дадат свој придонес со авторски труд поврзан со младински теми и локални предизвици во Куманово.


🔹 Теми (пример – може и ваша сродна тема)

  • Младинско учество во локални политики и донесување одлуки
  • Младински активизам во Куманово: бариери, потреби и решенија
  • Волонтерство и граѓанска ангажираност кај младите
  • Дигитален активизам и улогата на социјалните мрежи
  • Простори, програми и можности за млади (култура, спорт, образование, вработување)

🔹 Услови за трудовите

  • Должина: 2 страници
  • Формат: Word документ
  • Структура: резиме, вовед, главен дел/анализа, заклучок и препораки
  • Фонт: Arial 12, проред 1.0
  • Јазик: македонски, албански или англиски
  • Трудот да биде оригинален и авторски.

🔹 Надомест

Од сите доставени трудови, ќе бидат избрани 4 најдобри, кои ќе бидат наградени со:
6.500 денари (бруто износ) по труд
Избраните трудови може да бидат објавени и промовирани во рамки на проектните активности.


🔹 Каде да се испратат трудовите?

📩 Испратете го трудот заедно со CV на: pulsedemos@outlook.com
Наслов на мејл: „Труд – Гласот на младите од Куманово“

📅 Краен рок: 10.01.2026 година (до 16:00 часот)


За дополнителни информации: pulsedemos@outlook.com

✍️ Ве охрабруваме да учествувате и да дадете свој глас за посилно младинско учество и активизам во Куманово!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here