О Г Л А С за ангажирање експерт/истражувач (физичко лице) или правно лице за изработка на стручна анализа

0
53

во рамки на проектот „Потрошувачки глас од Куманово – дебата, подкаст и анализа за заштита на потрошувачите“

Носител: Институт за демократија и развој „Пулсот на демократијата“ – Куманово
Локација: Куманово
Финансирање: Проектот е финансиран од Министерство за економија и труд

Институт за демократија и развој „Пулсот на демократијата“ – Куманово објавува оглас за прибирање понуди за изработка на стручна анализа од областа на заштитата на потрошувачите на локално ниво. На огласот може да аплицираат физички лица (експерти/истражувачи) и правни лица.

1) Предмет на ангажманот

Изработка на стручна анализа која ќе ги опфати следните теми:

  • најчести типови на повреди на потрошувачките права во Куманово;
  • постојни механизми за заштита и нивната ефикасност;
  • препораки за локални институции и организации.

2) Цел и намена на анализата

Анализата ќе биде основа за подготовка и реализација на јавна дебата, како и за креирање содржини за подкаст епизоди и промотивни клипови на тема заштита на потрошувачите.

3) Очекувани испораки

  • финален документ (анализа) во електронска форма (Word и PDF);
  • краток резиме/извод со клучни наоди и препораки;
  • (по потреба) кратка презентација/консултација со тимот за клучните наоди.

4) Критериуми за избор

  • релевантно образование и/или докажано искуство во областите: заштита на потрошувачи, право, економија, јавни политики, истражување;
  • искуство во подготовка на анализи/извештаи и формулирање препораки;
  • предност: познавање на локалниот контекст во Куманово и соработка со институции/НВО.

5) Начин на аплицирање (потребни документи)

Заинтересираните апликанти да достават:

  • CV/портфолио (за физичко лице) или профил на компанија (за правно лице)
  • финансиска понуда (износ без ДДВ, доколку е применливо), со вклучени трошоци за изработка и испорака.

6) Рокови

  • Огласот е отворен до 25-ти декември 2025 година (вклучително).
  • Рок за изработка и доставување на финалната анализа: 31 декември 2025 година.

7) Доставување на понуди и контакт

Понудите се доставуваат по е-пошта на: pulsedemos@outlook.com

Контакт тел: 075312 409

Напомена: Само апликантите кои ќе бидат избрани во потесен круг ќе бидат контактирани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here