Институт „Пулсот на Демократијата“ – Куманово објавува оглас за ангажирање новинар (физичко лице/правно лице ) кој/а ќе учествува во подготовка и водење (модерација) на подкаст-серија посветена на младинско учество, активизам и локални младински прашања.
Проектот „Гласот на младите од Куманово“ е финансиран од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
1) Задачи и одговорности
Ангажираното лице ќе биде задолжено за:
- водење и модерирање на епизоди (интервјуа/разговори) со гости;
- подготовка на концепт/сценарио и прашања за секоја епизода;
- координација со проектниот тим околу теми, гости и термини;
- учество во уредување на содржината (уредничка насока, наратив, структура);
- доставување краток опис (најава) за секоја епизода (до 5–7 реченици).
2) Профил и услови
Кандидатот/ката треба да:
- биде новинар/медиумски работник или лице со искуство во граѓанскиот сектор;
- има искуство во интервјуа, модерација или подкаст/радио/видео формати;
- има одлични комуникациски вештини и способност за водење разговор;
- познава теми поврзани со младински политики, активизам и локални прашања;
- има професионален пристап и способност за почитување рокови.
3) Времетраење и ангажман
- Ангажманот се реализира во рамки на проектните активности, во текот на месец јануари 2026
- Локација: Куманово (со можност за делумна онлајн координација)
4) Надомест
За ангажманот е предвиден финансиски надомест согласно проектниот буџет и доставена понуда.
5) Потребни документи за апликација
Кандидатите треба да достават:
- CV (кратка биографија)
- Кратко мотивациско писмо (до 1 страница)
6) Начин и рок за пријавување
📩 Апликациите се доставуваат на: pulsedemos@outlook.com или директно во канцеларијата на Институт Пулсот на Демократијата Куманово
Наслов на мејл: „Апликација – Новинар/водител на подкаст (Гласот на младите од Куманово)“
📅 Краен рок за пријавување: 05.01.2026 година (до 16:00 часот)
7) Избор
Изборот ќе се изврши врз основа на: релевантно искуство, квалитет на портфолио и понудена цена (поради буџетски импликации во рамките на проектот). По потреба, Институтот може да организира кратко интервју со кандидатите.
Контакт за информации: pulsedemos@outlook.com



