Оглас за прибирање понуди за изработка на два промотивни клипа

0
28

Во рамки на проектните активности за информирање и едукација на граѓаните за заштита на потрошувачите, Институтот за демократија и развој „Пулсот на демократијата“ – Куманово објавува оглас за прибирање понуди за изработка на два промотивни клипа, наменети за објава на социјални мрежи и емитување на локални медиуми.

Предмет на услугата е подготовка и продукција на два промотивни клипа со следнава содржина: првиот клип треба да има информативна содржина за основни потрошувачки права и начини на заштита, а вториот клип треба да прикаже практични примери од секојдневието (гаранции, рекламации, договори, онлајн купување). Клиповите треба да бидат подготвени за објава на YouTube, Facebook и Instagram.

Право на учество имаат физички и правни лица со релевантно искуство во видео продукција и изработка на промотивни/едукативни содржини. Заинтересираните понудувачи треба да достават финансиска понуда (износ без ДДВ, доколку е применливо), како и кратки референци или пример од претходна работа (по можност).

Понудите се доставуваат по електронски пат на адреса: pulsedemos@outlook.com или директно во канцеларијата на Институт Пулсот на Демократијата Куманово најдоцна до 05.01.2025 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here