ОГЛАС ЗА АНГАЖМАН

0
63

Институт „Пулсот на Демократијата“ објавува повик за ангажирање 2 фасилитатори (модератори на дебата) во рамките на проектот „Градење мостови: Унапредување на дијалогот за европската иднина на Македонија“.

Проектот се реализира од Институт „Пулсот на Демократијата“, а е дел од програмата MEDIA4EU, имплементирана од Евротинк, АЛДА и БИРЦ. Дебатите ќе се однесуваат на теми поврзани со Поглавје 23 (Правосудство и фундаментални права) и Поглавје 10 (Информатичко општество и медиуми).


🔹 Кој може да аплицира?

  • Студенти, млади истражувачи, наставници, новинари и граѓански активисти
  • Лица со интерес и мотивација за темите поврзани со европските интеграции и реформите во правосудството, фундаменталните права, информатичкото општество и медиумите

🔹 Услови и потребни квалификации:

  • Општо познавање на содржината и значењето на Поглавје 23 и Поглавје 10
  • Поранешно искуство во одржување предавања, работилници, дебати или слични настани
  • Способност за јасна и разбирлива презентација на теми пред публика
  • Развиени комуникациски и фасилитаторски вештини (модерирање на дискусија, поттикнување активност кај учесниците)
  • Одговорен и професионален пристап кон обврските

🔹 Главни задачи на фасилитаторите:

  • Подготовка на кратка содржинска рамка за дебатата (клучни прашања, теми за дискусија)
  • Модерирање на дебатата во согласност со целите на проектот
  • Поттикнување аргументирана и конструктивна дискусија
  • Почитување на времето, агендата и принципите на демократски дијалог

🔹 Како да аплицирате?
📩 Испратете:

  • Кратка биографија (CV)
  • Кратко мотивациско писмо (до 1 страница) со опис на вашето искуство во фасилитирање/модерирање и интересот за темата

на е-маил: pulsedemos@outlook.com

📅 Краен рок за пријавување: 05.09.2025 година (до 16:00 часот)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here