ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ОБУЧУВАЧИ

0
8

Во рамки на проектот „Дигитална иднина на младите од Куманово“, имплементиран од Институтот за демократија и развој – Пулсот на Демократијата Куманово, а финансиски поддржан од Министерството за односи меѓу заедниците на Република Северна Македонија, се објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ДВАЈЦА ОБУЧУВАЧИ

1. Обучувач од правна област – 1 извршител

Опис на ангажманот:
Обучувачот ќе биде задолжен за подготовка и реализација на обука од областа на дигиталните права, заштитата на личните податоци, приватноста на интернет, правата и обврските на граѓаните во дигиталниот простор и безбедното користење на онлајн платформите.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование од областа на правото;
  • Најмалку 3 години релевантно работно искуство;
  • Искуство во реализација на обуки, работилници или едукативни настани;
  • Познавање на законската регулатива поврзана со дигиталните права и заштитата на личните податоци.

2. Обучувач од информатичка област – 1 извршител

Опис на ангажманот:
Обучувачот ќе биде задолжен за подготовка и реализација на практична обука за користење на дигитални алатки, дигитална и медиумска писменост, безбедност на интернет, препознавање на дезинформации и практична примена на современи информатички технологии.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование од областа на информатиката или сродна област;
  • Најмалку 3 години релевантно работно искуство;
  • Искуство во работа со млади и спроведување обуки;
  • Одлично познавање на дигитални платформи и алатки.

Опис на активноста

Во рамки на проектот ќе се реализираа две посебни обуки , кои ќе се одржат во просториите на Општина Куманово. Обуките ќе бидат наменети за млади лица и ќе имаат за цел унапредување на нивните дигитални вештини, медиумска писменост и познавање на дигиталните права.

Обуките ќе се реализираат преку интерактивен пристап, практични вежби и директна работа со техничка опрема, со што учесниците ќе стекнат практични и применливи знаења за безбедно и одговорно користење на дигиталните технологии.

Потребна документација

Кандидатите треба да достават:

  • Биографија (CV) и финансиска понуда

Начин на аплицирање

Потребната документација треба да се достави на електронската адреса:

pulsedemos@outlook.com

со назнака:

  • „Апликација за обучувач од правна област“, или
  • „Апликација за обучувач од информатичка област“.

Рок за пријавување

Рокот за доставување на апликациите е 5 дена од денот на објавување на огласот.

Институт за демократија и развој – Пулсот на Демократијата Куманово го задржува правото да избере кандидат кој најдобро одговара на потребите на проектот. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here