Во рамки на проектот „Дигитална иднина на младите од Куманово“, имплементиран од Институтот за демократија и развој – Пулсот на Демократијата Куманово, а финансиски поддржан од Министерството за односи меѓу заедниците на Република Северна Македонија, се објавува:
ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА НОВИНАР ЗА ПОДГОТОВКА НА СЦЕНАРИЈА И ВОДЕЊЕ НА ПОТКАСТ ЕМИСИИ
Се ангажира 1 (еден) новинар за потребите на проектот.
Опис на ангажманот:
Ангажираниот новинар ќе биде одговорен за:
- Подготовка на сценарија и концепт за 5 поткаст емисии;
- Истражување и подготовка на теми поврзани со дигитална писменост, дигитални права, медиумска писменост, онлајн безбедност и дигитална трансформација;
- Координација со гости и учесници во поткастите;
- Водење и модерирање на 5 поткаст емисии;
- Подготовка на прашања и интервјуа со експерти, претставници на институции и млади лица;
- Подготовка на краток извештај за реализираните активности.
Потребни квалификации:
- Најмалку 3 години работно искуство во новинарство, медиуми или односи со јавност;
- Искуство во подготовка и водење интервјуа, емисии или поткасти;
- Одлични комуникациски и презентациски вештини;
- Искуство во работа на проекти финансирани од домашни или меѓународни донатори ќе се смета за предност.
Времетраење на ангажманот:
Ангажманот опфаќа подготовка и реализација на 5 поткаст емисии во текот на спроведувањето на проектот.
Потребна документација:
- Биографија (CV);Документи или референци за претходно работно искуство;
- Финансиска понуда
Начин на пријавување:
Заинтересираните кандидати потребната документација треба да ја достават на електронска адреса:
со назнака:
„Апликација за новинар за поткаст емисии – Дигитална иднина на младите од Куманово“.
Рок за доставување на апликациите: 5 дена од денот на објавување на огласот.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.



