Повик за ангажман на 2 фасцилитатори

0
56

Барање за обезбедување услуги – 2 фасцилитатори работилница за презентација на мерки и можности за претприемништво и вработување

Институтот „Пулсот на Демократијата“, во соработка со Институтот за владеење на правото – Скопје, објавува јавен повик за ангажирање на 2 фасцилитатори или водители на настанот работилница за презентација на мерки и можности за претприемништво и вработување во рамките на главниот проект: „Коалиција млади – Поддршка за локален бизнис“, кој е дел од програмата „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“.

Програмата ја спроведуваат Националната фондација за развој на граѓанско општество – Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус – Штип и Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) – Гостивар, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Експертот ќе биде задолжен за презентирање на краток осврт за можностите за вработување – познавач на темите и областите на презентација, неутрално лице кое ќе ги фацилитира презентациите, дебатата и ќе извлече солидни заклучоци и препораки од работилницата. Оваа работилница исто така ќе придонесе и за поголема размена на искуства со компании кои веќе се корисници на истите, можностите за прилагодување и олеснување на пристапот на младите кон поголемо искористување на истите. Оваа обука ќе ја постигне и целта за вмрежување и размена на искуства помеѓу учесниците.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here