ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА (2) експерти/консултанти

0
14

Барање за обезбедување услуги – за изработка на стручни документи и работилница за комуникација, застапување и мониторинг

Институтот „Пулсот на Демократијата“, во соработка со ТРД Радио Јехона ФМ Куманово, објавува јавен повик за ангажирање на 2 (двајца) експерти за изработка на истражувачки документи и испорака на обука во рамките на проектот: “Градење мостови: Унапредување на дијалогот за европската иднина на Македонија“, кој е дел од програмата „Медиумите за ЕУ“ кој го спроведува Евротинк, во партнерство со АЛДА и БИРЦ“ со финансиска поддршка од Европската Унија.

  1. Цел на ангажманот:

Експертите ќе бидат ангажирани за следните главни задачи, кои треба да се реализираат во период од 3 (три) месеци, но не подоцна од крајот на Јуни 2025 г. :

  • Спроведување на 1 дво-дневна работилница за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации, медиумскиот сектор, како и бизнис заедницата за информирање, комуникација и застапување, и
  • Изработка на стратегија за комуникација и застапување, како и матрица за мониторинг и известување
  • Клучни задачи, временска рамка и очекувани резултати:
  1. Работилница

Работилницата е наменета и треба да им помогне на граѓанските организации, медиумите и други засегнати страни да ја разберат структурата на преговорите со ЕУ и начинот на кој можат да се вклучат активно во процесите на информирање, комуникација и застапување

Работилницата исто така ќе придонесе за подобрување на разбирливоста на процесот на евроинтеграција за јавноста преку медиумски материјали и извештаи, како и унапредување на капацитетите за формирање на независни и професионални новинарски истражувања кои се фокусирани на процесите на евроинтеграција, владеењето на правото и јавната политика.

Клучни теми кои ќе се разработат се во врска со: Вовед во евроинтеграцијата и процесите на преговори, стратегии за ефективно застапување и лобирање, механизми за мониторинг на процесот на евроинтеграција, вклучување на граѓанското учество и застапување преку медиумите, и сл.

  • Стручни документи

Генерално, целта на овие документи е да се изгради ефикасна платформа за соработка, комуникација и застапување помеѓу медиумите, граѓанските организации (НВО) и локалните власти.  Преку истите, се сака да се зголеми инклузивноста во процесите на донесување одлуки, да се унапреди граѓанската свест и да се поттикне активно учество во демократските процеси, како и во европските интеграции и реформите поврзани со нив.

Изработка на стратегија за комуникација и застапување на медиумите и граѓанските организации со локалните власти и граѓанскиот сектор.

Во рамки на овој дел од ангажманот потребно е да се развие еден сеопфатен документ кој ќе обезбеди јасни насоки за ефективна комуникација и застапување на медиумите и граѓанските организации пред локалните власти и граѓанскиот сектор.

Изработка на матрица за мониторинг и известување на активности и настани во процесот на ЕУ интеграција на земјата.

Во рамки на овој дел од ангажманот се очекува да се креира една систематска алатка за следење и известување за активностите и настаните поврзани со процесот на ЕУ интеграција, со цел зголемување на информираноста и транспарентноста.

Експертите ќе бидат одговорни за развивање на горенаведените активности и документи, вклучително подготвителни активности, материјали за работа, презентации и сл. Сите материјали е потребно да се изработат на македонски јазик.

Предвидените активности кои се предмет на овој повик започнуваат после финализација постапката за избор, односно потпишување на договорот за ангажман со избраните експерти, додека задачите кои се дел од описот треба да бидат извршени во рок од три месеци, но не подоцна од месец Јуни 2025 г.. За овој ангажман се предвидени вкупно 12 експертски дена, по 6 дена за секој од ангажираните експерти.

3. КРИТЕРИУМИ

Критериуми за избор:

Евалуацијата ќе се изврши според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.

Квалификации:

  • Најмалку 5 години работно искуство, од кои минимум 3 години искуство во спроведување на слични проекти или задачи;
  • Мин. 3 слични ангажмани, работилници или продукти во последните 5 години
  • Одлични аналитички, комуникациски и организациски вештини.
  • Познавање на процесите и прашањата на ЕУ интеграција
  • Познавање на најмалку македонскиот и англискиот јазик. Познавање на албанскиот јазик ќе се смета како предност.

4. ЕЛЕМЕНТИ НА ПОНУДАТА

Документација:

  • Кратка биографија (CV) и листа на референци, поврзано со барањата на овој повик;
  • Финансиска понуда (дневен експертски ангажман).

Начин на доставување:

Понудата се доставува по е-пошта на: pulsedemos@outlook.com, со наслов:
“Градење мостови: Унапредување на дијалогот за европската иднина на Македонија“

Краен рок:

Понудите треба да се достават најдоцна до 14.03.2025 година, до 16:00 часот.

Напомена:
Понудите доставени по рокот или без потребната документација нема да бидат разгледани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here