🟦 ОГЛАС 2: Повик за новинар/новинарка – креирање сценарио и водителство на 4 подкаст епизоди

0
76

Институтот за демократија и развој „Пулсот на Демократијата“ – Куманово објавува повик за ангажирање на новинар или креативен сценарист, со искуство во медиуми или јавна комуникација, за учество во реализација на 4 епизоди од подкастот посветен на екотуризам и развој на локални заедници.

📝 Опис на задачата:

  • Изработка на кратко сценарио/концепт за секоја епизода
  • Интервјуирање и водење на гости во студио (4 снимања)
  • Кратка постсценаристичка поддршка при монтажа (преглед и предлог-корекции)

📌 Темите на подкастот се поврзани со екотуризам, планинарски тури, локален развој, млади и природа во регионот на Липково.

Барани квалификации:

  • Искуство во новинарство, комуникации или сродна област
  • Јасна и сигурна говорна дикција
  • Способност за комуникација со различни профили на соговорници
  • Познавање на локалниот контекст се смета за предност

Период на реализација:

  • јули – август 2025

Начин на аплицирање:
Испратете кратко мотивациско писмо и примери од досегашна работа (по можност аудио/видео) на:
📧 pulsedemos@outlook.com
Краен рок за аплицирање: 27.07.2025


LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here