Почитувани,
Ве молиме за Ваша понуда за следните услуги во рамки на проектот „Коалиција млади – поддршка за локален бизнис“, кој се реализира преку јавниот повик за доделување на Акциски грантови за локални иницијативи, како дел од проектот „Акциски грантови за локални иницијативи“ бр. 24-08-ГРЦ-501, поддржан од програмата „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“.
1. Дизајн на електронска брошура – 20 до 25 страни
2. Дизајн на промотивен леток на македонски и албански јазик – Формат А4 200 летоци
За сите дополнителни информации, стоиме на располагање.
Рокот за доставување е до 24.04.2025 преку е-маил pulsdemos@outlook.com