Барање за обезбедување услуги – 2 експерти за обука
Барање за обезбедување услуги – Ангажирање на 2 (двајца) експерти за обука
Институтот „Пулсот на Демократијата“, во соработка со Институтот за владеење на правото – Скопје, објавува јавен повик за ангажирање на 2 (двајца) експерти за испорака на обука во рамките на проектот: „Коалиција млади – Поддршка за локален бизнис“, кој е дел од програмата „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, со финансиска поддршка од Европската Унија. Програмата ја спроведуваат: Националната фондација за развој на граѓанско општество, МЦМС, Медиа Плус – Штип и АДИ – Гостивар.
Цел на ангажманот:
Ангажираните експерти ќе спроведат еднодневна работилница (или две сесии, доколку е потребно), наменета за млади лица, со цел развој на вештини за вработување и претприемништво. Обуката треба да помогне во зголемување на нивната подготвеност за влез на пазарот на труд, како и развој на сопствен бизнис.
Опфат на задачите:
- Првиот експерт ќе спроведе обука на тема: Јакнење на вештини за вработување, која опфаќа:
- Изработка на CV (вклучително Europass формат)
- Пишување мотивационо писмо
- Подготовка за интервју за работа
- Алатки за барање работа и развој на личен бренд
- Поддршка при идентификација на можности за вработување и личен развој
- Вториот експерт ќе води обука на тема: Основни вештини за управување со бизнис, со фокус на:
- Развој на бизнис-идеја и модел
- Основи на претприемништво и менаџмент
- Администрација на мал бизнис
- Анализа на можности за вработување и вмрежување со постоечки бизниси
- Фацилитирање на дискусии, извлекување заклучоци и препораки
Опис на резултати:
Работилницата ќе придонесе за:
- Подобрување на личните и професионалните капацитети на младите
- Зголемена подготвеност за вработување или започнување сопствен бизнис
- Поттикнување на вмрежување и размена на искуства со локални компании
Критериуми за избор:
- Најмалку 3 години искуство во обуки со млади или во релевантните теми
- Познавање на младинскиот пазар на труд и локалниот економски контекст
- Способност за подготовка на практични материјали и активна фасилитација
Документација:
- Кратка биографија (CV) со релевантни референци
- Финансиска понуда (износ по експертски ден)
Начин на доставување:
Понудите да се достават по електронска пошта на: pulsedemos@outlook.com, со наслов:
„Коалиција млади – Експерти за обука“
Краен рок за доставување:
05.05.2025 година до 16:00 часот
Напомена: Непотполните или задоцнети апликации нема да бидат разгледани.