📢 Институт Пулсот на Демократијата објавува оглас за ангажман на новинар за потребите на проектот „Градење мостови: Унапредување на дијалогот за европската иднина на Македонија“, кој се спроведува од Институт Пулсот на Демократијата како дел од главниот проект МЕДИА4ЕУ, имплементиран од Евротинк, Алда и Бирц со финансиска поддршка од Европската Унија.
Опис на работната позиција:
✅ Подготовка на сценарио и водење на 7 подкасти
- Истражување и изработка на сценарио за 7 подкаст епизоди.
- Водење интервјуа и модерирање на дискусии поврзани со евроинтеграцијата.
- Координација со гости и експерти за релевантни теми.
- Работа во студиско опкружување со професионална аудиовизуелна опрема.
Потребни квалификации:
🔹 Искуство во новинарство, медиуми или продукција на подкасти (предност)
🔹 Способност за работа во тим и подготвеност за соработка со експерти.
🔹 Познавање на албанскиот јазик се смета за предност.
Што нудиме?
✔ Ангажман со соодветен хонорар.
✔ Работа на значаен проект поддржан од ЕУ.
✔ Можност за професионален развој и медиумска видливост.
📩 Заинтересираните кандидати треба да достават:
- CV
- Финансиска понуда
⏳ Краен рок за аплицирање: 24.02.2025
Рокот за апликација се продолжува до 28.04.2025 година
📧 Испратете ја вашата апликација на: pulsedemos@outlook.com
👉 Бидете дел од тимот што гради медиумски мостови кон Европа!