0
5

Успешно реализирани обуки!

Во рамките на проектот Младинска коалиција – поддршка за локален бизнис , се одржаа две динамични и едукативни обуки за млади ентузијасти и идни професионалци!

1. Јакнење на вештини за вработување

Под менторство на Леотрим Муслиу, учесниците учеа како да изработат ЦВ што впечатливо зборува, да напишат мотивационо писмо кое ќе ги издвојува од останатите и како 💬 самоуверено да се претстават на интервју за работа!

2. Основни вештини за управување со бизнис

Со предавање од експертот за претприемништво Флорент Бајрами, младите се запознаа со клучните чекори за започнување и успешно водење на сопствен бизнис!

Горди сме на сите учесници кои вложија енергија, време и ентузијазам во ова искуство. Ова е само почеток!

Проектот „Младинска коалиција – поддршка на локалниот бизнис“, имплементиран од Здружението Инситут за демократија и развој – Пулсот на демократијата и институт за владеење на правото Скопје , а финансиски поддржан со грант на Граѓански ресурсен центар (Програма: „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“) поддржан од Европска Унија.

#МладинскаКоалиција#ПоддршкаЗаЛокаленБизнис#ОбукиЗаМлади#Претприемништво#Кариера#Мотивација

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here