Денеска претставници на НВО Pulse of Democracy присуствуваа на презентацијата организирана од Меѓународна фондација за изборни системи ИФЕС – Македонија “Влијанието на демографските фактори врз учеството на граѓаните во јавниот живот и едукацијата на гласачите во Северна Македонија”. Според анализите на ИФЕС ги издвојуваме следните заклучоци
1/3 од населението биле вклучени додека 2/3 никогаш не биле вклучени во настан што би можел да предизвика промени во заедницата
мажите се повеќе општествено агажирани (40%) отколку жените (26%). Покрај нив испитаниците со високо образование се повеќе ангажирани (46%) за разлика од испитаниците со средно (32%) и основно образование (17%)
Кај сите демографски групи се забележува негативна перцепција за изборите (празни ветувања, игра, непотребни, лоши изборни кампањи, страв и притисоци, изборни нерегуларности, пак исто).Оваа беше една многу опсежна анализа која ке им послужи на сите чинители во општеството како патоказ за постигнување на севкупен напредок.