📢 Институт Пулсот на Демократијата објавува оглас за Оператор, продукција на подкаст како и дистрибуција за потребите на проектот „Градење мостови: Унапредување на дијалогот за европската иднина на Македонија“ кој се спроведува од Институт Пулсот на Демократијата како дел од главниот проект МЕДИА4ЕУ, имплементиран од Евротинк, Алда и Бирц со финансиска поддршка од Европската Унија, кој се спроведува во рамките на МЕДИА4ЕУ, имплементиран од Евротинк, Алда и Бирц со финансиска поддршка на Европската Унија.
Опис на работната позиција:
✅ Техничко извршување и продукција на подкастот
- Снимање и техничка обработка на аудио материјалот.
- Монтажа и финализирање на подкаст епизодите.
- Обезбедување висококвалитетен звук и професионален изглед.
- Користење на професионална аудио и видео опрема за продукција
- Заинтересираните кандидати кои се дел од медиум имаат предност
✅ Дистрибуција на подкастите
- Објавување на подкастите на платформи како што се социјални медиуми, YouTube и веб-страници на партнерски медиуми.
- Управување со платформите и следење на аналитиката за слушаноста.
- Оптимизација на содржината врз основа на перформансите и аналитиката.
Потребни квалификации:
🔹 Искуство во аудио и видео продукција (снимање, монтажа и постпродукција).
🔹 Познавање на работа со професионална опрема и софтвер за аудио/видео обработка.
🔹 Разбирање на дистрибуција на дигитални медиуми и стратегии за промоција.
🔹 Способност за работа во динамична средина и исполнување на зададени рокови.
Што нудиме?
✔ Ангажман со соодветен хонорар.
✔ Работа на значаен проект поддржан од ЕУ.
✔ Можност за професионален развој и работа со иновативни медиумски формати.
📩 Заинтересираните кандидати треба да достават:
- CV
- Финансиска понуда
⏳ Краен рок за аплицирање: 24.02.2025
📧 Испратете ја вашата апликација на: pulsedemos@outlook.com
👉 Бидете дел од тимот што гради медиумски мостови кон Европа!