Институт „Пулсот на Демократијата“ објавува повик за пријавување кандидати кои ќе пишуваат есеи во рамките на проектот „Градење мостови: Унапредување на дијалогот за европската иднина на Македонија“.
Проектот се реализира од Институт „Пулсот на Демократијата“, а е дел од програмата MEDIA4EU, имплементирана од Евротинк, АЛДА и БИРЦ. Темите на есеи се поврзани со Поглавје 23 (Правосудство и фундаментални права) и Поглавје 10 (Информатичко општество и медиуми).
🔹 Кој може да аплицира?
- Студенти, новинари, млади истражувачи и сите заинтересирани граѓани кои сакаат да дадат свој придонес во темите поврзани со европските интеграции.
🔹 Услови за трудовите:
- Должина:3 до 5 страници
- Формат: Word документ
- Структура- резиме, вовед, главен дел/анализа и заклучоци
- Фонт: Arial 12, проред 1.0
- Јазик: Македонски, албански или англиски
🔹 Каде да се испратат трудовите?
📩 Испратете ги вашите трудови на: pulsedemos@outlook.com
📅 Краен рок: 13.03.2025 (до 16:00 часот)
Во прилог на трудовите да се достави и ЦВ
Од сите доставени трудови, најдобрите 10 ќе бидат наградени во износ од 7500 денари (бруто износ) и истите ќе бидаат објавени во периодот од февруари до октомври 2025 година.
Ве охрабруваме да учествувате и да дадете свој глас во градењето на европската иднина на Македонија! 🌍✍