Повеќе од 20 години Република Северна Македонија *, започна да оди по европскиот пат, успешен беше почетокот , добивме солидна подршка од ЕУ институциите . Се менуваа влади и претседатели имавме низа тешки политички процеси па и војна за да заврши со потпишување на Охридски Рамковниот договор. Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.Процесот и залагањето на избраните претседатели, Премиери на влади, Градоначалници на општи-
ните сиве овие години беа на иста релација евроинтеграција во ЕУ.
Добро е да се потсетиме на датумите кои беа позитивни во овој процес.
- 17 декември 2005 година Претседателството на Европскиот совет во Брисел на Македонија
и додели статус на кандидат за членство во Европската унија;
- На 15 март 2012 година – воспоставен е Пристапниот дијалог на високо ниво предводен од Премиерот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и Комесарот задолжен за прошрување, Штефан Фуле. Дијалогот внесе динамика во реформскиот процес за пристапување кон Европската Унија преку зајакнување на довербата и зголемување на европската перспектива на земјата, а истиот е фокусиран на клучните предизвици во следните 5 области : слобода на изразување во медиумите ; владеење на правото ; реформа на јавната администрација ;изборна реформа ; зајакнување на пазарната економија. Досега се одржани четири состаноци на пристапниот дијалог.
За сите процеси Престедателите,Премиерите, Министрите во влада беа учесници на многу значајни настани за евринтеграцијата на Република Македонија. Денес тоа е:
Орхан Мутезани Министер за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија
Сите поглавја 34 имаат еднаква тежина за исполнување од страна на Република Македонија.
Поглавја кои во последните години се често мета на дискусија се поглавјето 10 за инфоматика и медиуми и поглавјето 23 Правосудство и темелни права.
Граѓанинот слуша, гледа, учествува, дава придонес, а често и е оштетен има свои забелешки и сугестии за овие поглавја.
Модерната технологија овозможи да има инфомации од различни нивоа на секодневниот живот, користејќи ги социјалните мрежи, групи, веб портали….
Но сеуште во Република Македонија локалните и национални медиуми имаат свој удел во инфомирањето и заложбите за напредок на исполнување на поглавјата или зајстој.
Што се однесува на полето на медиумите има поделсност во зависност од сопстеничка структура и политичка наклонестост кон политичка партија. Од аспект на демократско право во земјата има Македонски и Албански медиуми на национално ниво, додека на локално ниво намален е нивниот број. Телата одговорни за медиумите се појавуваат и укажуваат дека се потребни доплнувања во законот за медими , но сето тоа оди споро.
*Од осамостојувањето нашата земја иако беше признаена од неколку земји сепак на меѓународно ниво поради спорот со Грција беше именувана Поранешна Ех Ју Република Македонија, за да на 17 јуни 2018 со повеќе годишно посредување на УН се потпиша преспанскиот договор со Употреба на името Северна Република Мкаедонија.
Тоа го потврди и Здружение на новинари кои посучуваат на се полоѓите услови за работа од аспект не безбедност, финансиско подмирување на новинарските работници.
Имаше и чести напади на новинари и камермани при нивното професионално работење. Новинарите често во псоледните неколку години беа тужени за нивносто професионално инфомирање и барање од страна на политичарите извинувања или оштети. Сетоа тоа придонесе доста професионлани новинари да престанат да се бават со својата професија и заминале од државата или одлучија да се бават со друга ангажираност. Националното медиуми иако ја имаат обврската јавно и траснпаретно со факти и аргументи да инфомираат , се случувало да ја премолчат веста , или да фаворизираат една партија во однос на друга пред избори и после избори. Што се однесува на локално ниво ситуацијата не е добра, има намален број на локални ТВ медиуми, радија. Во помалите градови граѓаните се оставени да се инфомираат од социјалните мрежи преку интернет кои често шират и дезинфомации и предизвикуваат револт и наруѓени права на граѓаните на поле на медиумското инфомирање.
Куманово е мултиетнички град, богат со историска хронологија од фунционирање на локални ТВ и радија во периодот на осамостојувањето до 2005 и тоа на повеќе јазици Македонски, Албански, Ромски, Турски, Српски, за да денес имаме само две ТВ локани медими кои работат со намален интезитет, две локални радија и четири веб портали. Потребни се иницијативи за привлекување на финансисреи кои би подржале отварање на медиуми со што и конкуретноста и професионалноста ке дадат допринос за наврено инфомирање, развој на градот, подобрена комуникација и диалог. Има потреба од медимски дијалошки програми на ТВ и радио, со учество на локалните преставници и граѓаните.
Што се однесува за теемлните права и корупцијата односно судството можеме да укажеме дека има голем број на предмети кои сеуште не се ни почнати, постои корпција, моќниците прават серизони прекршоци, а обичните граѓани по брза постапка се осудуваат и одат во затвор. Има селективна дискриминација на поле право на граѓаните за исолнување на нивните права од поле на инфраструктура, социјални и работнички права, а не се ретки и здраствените пропусти и грешки на болните кои завршуваат и со смрт. Не се поведува постапка, се зголемува бројот на разочарани граѓани а сето тоа води кон мигрирање на младите и заминување засекогаш од државата. Последните случувања на трагедија во Кочани на пожар во нелегетимна дискотека и загуба на 59 млади лица само ја отвори пандоринат кутија на пропустите на целокупниот систем на национално и локално ниво.Иако наназад има доста случајеви кои сеуште се влечат низ судовите како сериски сапунуци на епизоди. Ако се применува правото секој крив без оглед на позиција, политичка припадност, вера и посл да одговара.
За изминатите повеќе од 25 години немаше солидни инспекциски надзори на многу приватни и државни објекти. Желбата за власт и богатење после толку години е заложба бр. еден на Владата и сите министерства. Но толку години на молк на институциите и нефункционалност е тежок процес за брзо време на враќање на владеење на право. Потребни се интезивни заложби, реформи, уссогласување и надградба на законите и пред се одговорност за секој сторител на каков и да е тип на одговоност во институциите, во секојдневниот живот, во собраќајот, во образованието, во индустриските компании, дискотеки,ресторани, хотели….
Доколку сите превземени дејствија и заложби од владата на национално и локално ниво не бидат докрај спроведини ке ја изгубиме подршката од ЕУ иснтитуциите и ОН, а секако и од најголемите светски змеји САД, Русија, Кина….
Македонија мора да се придрѓува до европските вредности.
Ние сеусште имаме правни проблеми со нашите соседи од бугарија за уставните измени , добрососедските односи и диалогот кој е клуч влез во ЕУ, тос и понатаму останува пречка за започнување на преговорите.
Во последните три години повеќе донатори заминаа или ја намалија својата подршка за граѓанските организации кое видно се чуствува. Нема средби на граѓани за дискусија и дијалог со согледување на потреби за решавање на локално и национално ниво.
Се намалува бројот на опстанок на повеќе успешни организации кои често беа коректив и мост на власта и опозицијата за пронаогање на позитивен дијалог за решавање и донесување на законски регулативи и надополнување на законите.
Кога граѓанинот ја губи довербата во власта , доколку е малд и во средни годни размислува само за заминување од државата .
Со ова, сакам да потенцирам дека луѓето или попрецизно на локално ниво советниците избрани на локално ниво ги истакнуваат проблемите кои се само од интерес на партијата на која и припаѓаат.
Со тоа моѓе да се заклучи сека нема социјалната интеракција која треба да биде промовирана во
една кохезивна мода за елиминирање на моделите на дискриминација на правата на граѓаните од која и да се националност вера и пол.
Во денешната глобална размена на различни меѓуетнички култури, содржани од други етнички
заедници треба да се гледаат само како богатство и различност како повисока цел кон поголема
толеранција и заедничко живеење, ослободено од предрасуди и дискриминација.
Едно од болните прашања за темелните права е правото Ромските на домување во град Куманово.
Иако е во експанзија на градби на семејни стамбени згради, а најстарите ромски наслеби иако постојат повеќе од неколку децении не се изгласени од советот на општина Куманово за урбанизирани населби. Нон сенд е како е официјализирана Урбана Месна Заедница Средорек, имаат приклучок на електрична и водовона инсталација сепак се надвор од правото да имаат сопственост на своте домови во кои живеат. А за секои избори се валидни нивните гласови.
Сето тоа отвара сериозни прашања и ке се чекаат сериозни одговори и одговорности.
Се надевам дека законост за социјална заштита и дискриминација, родова застапеност и семејсно насилство ке бидат теми за решавање на многу пропусти и сторени криминали за кој никој не одговараше, бидејќи корупцијата цветаше.
Македонија мора да оди според легислативата на acquis communitaries од Европската Унија – едно од многуте услови за една земја, кандидат за членство во ЕУ.
Македонија мора да помине низ процесот на реформи , за да ги исполниме барањата за исполнување на критериумите.
Правата мора да бидат еднакви за сите граѓани и етнички заедници.
Останува граѓаните да бидат активни баратели на остварување на своите права а институциите и политичките партии на власт и опозиција разумно во своите агенди да ги имаат обврските за исполнување на поглавјата. Да се интезивираат комуникациите и одговорностите во секодневните социјални интеракции на многу ниво во земјата. Од проста причина граѓаните имаат права , а доколку им се угрозат правата и нашети на државата ти на изборите го имаат своето право да гласаат и да одлучат.
Разумот, совеста, одговорноста, довербата и дијалогот се најпотребни за сите граѓани на Мкедонија.
Автор
Ашмет Елезовски
Публициста, аналитичар, граѓански активист повеќе од 25 години во Македонија и Европа
Проектот Building Bridges: Enhancing Dialogue for Macedonia’s European Future имплементиран од Инситут за демократија и развој – Пулсот на демократијата за поглавјата 10 и 23 и финансиски поддржан од Европска Унија
This initiative is part of the larger MEDIA4EU project, implemented by Eurothink – Centre for European Strategies, ALDA, and BIRC, with funding from the European Union.