ОГЛАС ЗА ПРЕВЕДУВАЧ

0
28

📢 Институт Пулсот на Демократијата објавува оглас за Преведувач за потребите на проектот „Градење мостови: Унапредување на дијалогот за европската иднина на Македонија“, кој се спроведува во рамките на МЕДИА4ЕУ, имплементиран од Евротинк, Алда и Бирц со финансиска поддршка на Европската Унија.

Опис на работната позиција:

Консекутивен превод за настани

  • Преведување во живо (консекутивен превод) за време на иницијалната работилница и дебатата.
  • Обезбедување точен и професионален превод со задржување на стилот и значењето на говорниците.

Пишан превод и лектура на текстови

  • Превод и лектура на текстови поврзани со настани, подкасти, истражувачки трудови и публикации.
  • Обезбедување јазична точност, јасност и квалитетен стил на текстовите.

Потребни квалификации:

🔹 Искуство во консекутивен превод и пишан превод.
🔹 Одлично познавање на македонски, албански и англиски јазик.
🔹 Прецизност и одговорност при работа со текстови.
🔹 Способност за брзо и ефективно преведување во динамични средини.

Што нудиме?

✔ Ангажман со соодветен хонорар.
✔ Работа на значаен проект поддржан од ЕУ.
✔ Можност за професионален развој и работа во мултикултурна средина.

📩 Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • CV
  • Финансиска понуда

Краен рок за аплицирање: 25.02.2025

Рокот се продолжува до 06.03.2025 година

📧 Испратете ја вашата апликација на: pulsedemos@outlook.com

👉 Бидете дел од тимот што гради мостови кон Европа!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here