Барање понуда за изработка на кратки видео клипови

0
34

Барање за обезбедување услуги – изработка на 2 видео клипови со учесниците во настаните за подигање на свеста на граѓаните за претприемништвото во општина Куманово

Институтот „Пулсот на Демократијата“, во соработка со Институтот за владеење на правото – Скопје, објавува јавен повик за изработка на 2 видео клипови за потребите на  проектот: „Коалиција млади – Поддршка за локален бизнис“, кој е дел од програмата „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“.

Програмата ја спроведуваат Националната фондација за развој на граѓанско општество – Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус – Штип и Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) – Гостивар, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Експертот ќе биде одговорен за изработка на 2 кратки видео клипови со учесници на проектот и со посебен договор потесно ќе се регулира времето на реализација и содржината.

Понудата се доставува по е-пошта на: info@ruleoflaw.mk со наслов:
„Коалиција млади – Поддршка за локален бизнис“– видео клипови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here