Институтот „Пулсот на Демократијата“ објавува повик за ангажирање на преведувач за потребите на проектните активности во рамки на иницијативата „Коалиција млади – Поддршка за локален бизнис“, спроведувана во соработка со Институтот за владеење на правото – Скопје и поддржана од Европската Унија преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“.
Цел на ангажманот:
Ангажираниот/та преведувач/ка ќе биде задолжен/а за:
- Превод и лектура на информативна брошура (македонски ↔ албански јазик).
- Симултан превод (македонски ↔ албански јазик) за време на две посебни обуки.
Квалификации:
- Докажано искуство во преведување и лекторирање на текстови од општествена/економска тематика.
- Искуство со симултан превод во живи настани, особено обуки, семинари или работилници.
- Одлично познавање на македонски и албански јазик (писмено и усно).
Начин на аплицирање:
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- Кратка биографија (CV) со релевантни референци
- Финансиска понуда (одделно за писмен и симултан превод)
Начин на доставување:
Понудите да се достават по електронска пошта на: pulsedemos@outlook.com, со наслов:
„Ангажирање на преведувач – Коалиција млади“
Краен рок за доставување:
09.05.2025 година
Напомена: Непотполните или задоцнети апликации нема да бидат разгледани.